Вести Економија Топ вести

Цените на основните производи под лупа – производителите и дистрибутерите денеска во директни разговори

Производителите и дистрибутерите денеска ќе седнат на заедничка маса за да разговараат за продажните и набавните цени на основните производи. Средбата следува по анализите на Државниот пазарен инспекторат кои покажале разлика меѓу растот на набавните и продажните цени.

Според податоците, во периодот од мај 2025 година до мај 2026 година, просечните набавни цени на основните прехранбени производи и средствата за хигиена се зголемиле за 2,66 проценти, додека продажните цени пораснале за 4,56 проценти.

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши посочи дека во последните месеци цените се стабилизираат. Анализите за периодот март-јуни 2026 година покажуваат раст на набавните цени од околу 2,04 проценти, а на продажните цени од 0,16 отсто.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Гостивар ја суспендира директорката на „Комуналец“, тој лично не чувствува одговорност за епидемијата

Sasko Dimovski

Мицкоски за состојбата со водата за пиење во Гостивар: Oд градоначалникот, па надолу, сите треба да понесат одговорност

Sasko Dimovski

Сè уште ги чекаме резултатите за водата, штом ги добиеме, ќе ги објавиме, изјави обвинителката Јосифоска за Телма

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе