Вести Свет Топ вести

Најмалку шест луѓе загинаа, повеќе од 30 се повредени во силен земјотрес во Перу

Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала го погоди планинскиот регион на Андите во Перу, при што загинаа најмалку шест лица, повеќе од 30 се повредени, а околу 300 жители се раселени. Според американскиот Геолошки институт, епицентарот бил во близина на градот Сикаја во провинцијата Хуанкајо, на длабочина од 10 километри.

Перуанските власти соопштија дека повеќе објекти се урнале или претрпеле сериозни оштетувања, меѓу кои и историската црква и поранешниот манастир „Сантијаго де Леон“ во Чонгос Бајо, објект од 16 век кој е прогласен за национално културно наследство. Бројот на исчезнати сè уште не е конечен.

Локалните власти посочија дека голем дел од штетите се должат на традиционалните градби од необработена глина, кои се особено ранливи при силни земјотреси. Перу се наоѓа во Пацифичкиот „Огнен прстен“, една од најсеизмички активните области во светот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Гостивар ја суспендира директорката на „Комуналец“, тој лично не чувствува одговорност за епидемијата

Sasko Dimovski

Мицкоски за состојбата со водата за пиење во Гостивар: Oд градоначалникот, па надолу, сите треба да понесат одговорност

Sasko Dimovski

Сè уште ги чекаме резултатите за водата, штом ги добиеме, ќе ги објавиме, изјави обвинителката Јосифоска за Телма

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе