Селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте изрази гордост за фудбалерите што ги предводеше на СП 2026 на кое ја поразија Аргентина во финалето со 1:0 и по вторпат се искачија на планетарниот трон. „Црвената фурија“ беше подобар ривал во текот на целиот натпревар, упати вкупно 20 удари кон аргентинскиот гол од кои еден, оној на Феран Торес во 106 минута. заврши зад грбот на Мартинез.
„Посебно сум горд на оваа генерација на фудбалери која растеше со оваа идеја, ја унапреди и покажа што значи да се биде група, семејство. Тоа се фудбалери со исклучитечен талент. За мене беше чест да ги придружувам на ова патување. Многу сум емотивен кога ќе се навратам на што се минавме“, наведе Де ла Фуенте.
Шпанија со победата во финалето на СП 2026 ги обедини европската и светската титула.
Фото: printscreen/youtube
