Еуфорија во Шпанија по финалето на Светското фудбалско првенство во кое „црвената фурија“ ги порази „гаучосите“ со 1:0 и ја освои втората мундијалска титула во историјата. Стрелец на единствениот погодок беше Феран Торес во 106 минута во продолженијата, откако немаше победник во основниот дел од натпреварот.
Шпанците излегоа на улиците по последниот свиреж на судијата Винчич од Словенија и еуфорично го прославија триумфот на своите фудбалери.
Најголеми собири се забележани во Мадрид, каде се собраа околу 40.000 луѓе на плоштадот Плаза де Колон и во паркот Мадрид Рио. Бројни барови, тераси и јавни простори, исто така, организираа групно следење на мечот, со поставување на големи екрани.
