Трагично заврши потрагата по тројцата патници кои беа пријавени за исчезнати, откако последен пат биле видени на скопскиот аеродром. Нивното возило „Mерцедес“ со германски регистарски таблички било пронајдено превртено на патот меѓу gраничниот премин „Блаце“ и Скопје, а во него биле пронајдени телата на трите лица кои се идентификувани.
Според пријавата, последен пат биле во контакт со блиски лица на 18 јули околу 22:15 часот, по што тргнале од скопскиот аеродром кон Косово. Од полицијата информираат дека увидот е во тек, а надлежните служби треба да ги утврдат причините поради кои возилото излетало од патот и завршило превртено. Смртта на тројцата патници ја констатирала екипа на Итната медицинска помош.
