Вести Македонија Топ вести

Собранието ќе одлучува за продолжување на кризната состојба – Владата предложи мерката да трае до 20 октомври

Пратениците денеска ќе расправаат за Предлог одлуката за продолжување на кризната состојба поради можни нарушувања во снабдување со нафта и нафтени деривати. Според предлогот на Владата, мерката треба да важи од 21 јули до 20 октомври.

Владата образложува дека продолжувањето на кризната состојба ќе овозможи навремено реагирање доколку дојде до прекини во снабдувањето или до значителни ценовни шокови на меѓународните пазари. Целта е да се зачува стабилноста на домашниот пазар и да се заштитат граѓаните и стопанството од можни последици.

На дневен ред на седницата се и повеќе законски измени по скратена постапка, меѓу кои законите за енергетика, автокампови, студентски стандард, супервизија на осигурување и меѓународна заштита, како и неколку предлог-закони од областа на високото образование и науката во прво читање.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Гостивар ја суспендира директорката на „Комуналец“, тој лично не чувствува одговорност за епидемијата

Sasko Dimovski

Мицкоски за состојбата со водата за пиење во Гостивар: Oд градоначалникот, па надолу, сите треба да понесат одговорност

Sasko Dimovski

Сè уште ги чекаме резултатите за водата, штом ги добиеме, ќе ги објавиме, изјави обвинителката Јосифоска за Телма

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе