Останато Спорт

Дарио Ивановски победник на Скопски маратон 2025

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски триумфираше на 21-то издание на Скопскиот маратон. Нашиот олимпиец победи пред фаворизираните Кенијци и го освои маратонот во главниот град повторно по 2021 година. 

Ивановски до својата втора победа на Скопскиот маратон дојде со време од 2 часа, 14 минути и 50 секунди и тоа пред Џулиус Кипкоеч од Кенија, кој на целта мина со 30 секунди заостанување. Третото место му припадна на Давити Каразишвили од Грузија со повеќе од пет минути послабо време од победникот. 

Во женска конкуренција победи Ирене Џеруто од Кенија со време од 2 часа, 38 минути и 31 секунда, пред Маринала Нинева од Бугарија и Ана Јусупова од Азербејџан.
На полумаратонската трка во машка конкуренција триумфираше Албанецот Албион Имери, пред нашите натпреварувачи Иван Пешовски и Александар Арсов. Кај дамите, најбрза наполумаратонот беше Греса Бакрачи од Косово, пред Македонките Теа Божиновска и Милијана Ристиќ Стојчевска. На најмасовната трка на 5.километри победија Григориaн Никовски во машка конкуренција и Ирма Хајдари кај жените.



Овогодинешното издание на Скопскиот маратон се бодуваше и за Македонското, но и за Балканското првенство.
Учество земаа рекордни 14.000 натпреварувачи во сите конкуренции од дури 58 земји. 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина легендарниот кошаркарски коментатор Един Авдиќ

Sportska Redakcija

Ролан Гарос остана без првата носителка: Шнајдер ја шокираше Сабаленка (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Драконска казна за Шкендија: Суспензија од Купот и глоба од 105.000 евра

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе