Фермин Алдегер стана вториот најмлад победник на трка во историјата на Мото ГП шампионатот откако денеска славеше на Големата награда на Индонезија. Освојувачот на пол-позицијата Марко Бецеки и шампионот Марк Маркез се судрија уште во првиот круг, а Шпанецот заработи нова повреда.
Новајлијата оваа сезона Алдегер дојде до својата прва победа во кариерата во најсилната класа и тоа со само 20 години. Зад него со речиси седум секундо заостанување финишираше Педро Акоста, а целосно шпанскиот подиум го комплетираше Алекс Маркез.
Освојувачот на пол-позицијата Марко Бецеки исто како и на вчерашниот спринт така и денеска имаше лош старт и падна доста позиции, па во обид да надомести од загубеното се обиде да го престигне Марк Маркез и направи судир по што двајцата излетаа од патеката.
Првичните информации се дека Маркез има скршеница на костаката на рамото и веднаш замина за Мадрид на дополнителни медицински прегледи за да биде констатирана сериозноста на повредата.
Четвртото место денеска го освои Бред Биндер, по него финишираше Лука Марини, а најдобрите десетмина ги комплетираат Раул Фернандез, Фабио Квартараро, Франко Морбидели, Фабио ди Џанантонио и Алекс Ринс.
Следната трка во Мото ГП е за две недели и се вози за Големата награда на Австралија на патеката „Филип Ајленд“.
