Сега правиме преглед на останатите случувања на Светското првенство во атлетика. Јамајканците доминираа во најбрзата дисциплина и го симнаа од тронот олимпискиот шампион Ноа Лајлс.
На трката на 100 метри во машка конкуренција победи Јамајканецот, Облик Севил со време од 9 секунди и 77 стотинки. Втор финишираше сонародникот на Севил, Кишејн Томсон, додека Американецот Ноа Лајлс абидицираше од светскиот трон по две години и овој пат мораше да се задоволи само со бронзениот медал.
Во женска конкуренција во најбрзата дисциплина златото и припадна на Мелиса Џеферсон Вуден од САД, која постави нов рекорд на шампионатот со време од 10 секунди и 61 стотинка. Тина Клејтон од Јамајка беше втора, а трета финишираше актуелната олимписка шампион Џулиен Алфред од Света Луција.
На 10.000 метри во машка конкуренција триумфираше Французинот Џими Гресие, пред Јомиф Кејелча од Етиопија и Швеѓанецот Андреас Алмгрен.
Тара Дејвис Вудхол од САД на олимпиското злато во скок во далечина придаде и светско злато откако денеска прескокна 7 метри и 13 сантиметри. Малаика Михамбо од Германија беше сребрена, додека бронзата ја освои Наталија Линарес од Колумбија.
Во фрлање диск во женска конкуренција победа Валери Алман од САД, Јоринде ван Клинкен од Холандија го освои второто место, а трета беше Силинда Моралес од Куба.
