Останато Спорт

Марк Маркез продолжува со доминацијата во Мото ГП

Марк Маркез вчера можеби не го заврши спринтот поради излетување, но денеска веднаш им се врати на победите откако славеше на трката за Големата награда на Сан Марино во рамки на Мото ГП шампионатот.

Маркез на патеката „Мизано“ стартуваше како четврти, но успеа да дојде до својата 11-та победа сезонава на 16-тата трка. Зад него финишираше вчерашниот победник на спринтот и освојувачот на пол-позцијата Марко Бецеки, додека на подиумот имааше место и за Алекс Маркез.

Шесткратниот шампион во најсилната класа во Мото ГП шампионатот веќе на своето конто има рекордни 512 бодови на врвот во генералниот пласман и е многу близу до седмата шампионска титула. Неговиот брат Алекс Маркез има 330 бодови на 2.место, додека трет е Франческо Бањаја со 237 бодови.

Следната трка е за две недели и ќе се вози за Големата награда на Јапонија на патеката „Мотеги“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина легендарниот кошаркарски коментатор Един Авдиќ

Sportska Redakcija

Ролан Гарос остана без првата носителка: Шнајдер ја шокираше Сабаленка (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Драконска казна за Шкендија: Суспензија од Купот и глоба од 105.000 евра

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе