Спорт Фудбал

Лоши вести за Димитриевски: Мамардашвили потпишува за Ливерпул, но ќе се пресели на „Енфилд“ во 2025

Голманот на валенсија Ѓорѓи Мамардашвили ќе направи трансфер во редовите на Ливерпул, но ќе остане уште една сезона на позајмица во шпанскиот клуб.

„Црвените“ и Валенсија се договориле Грузиецот да пристигне на „Енфлид“ во летото 2025 година. Премиерлигашот ќе плати 30 милиони евра обештетување плус бонуси.

Ова е лоша вест за македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски, кој оваа сезона ќе биде втор голман на „Месталја“ и ќе чека шанса следната сезона.

За потсетување, Македонецот потпиша за Валенсија откако му истече договорот со Рајо.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мундијалот во американски стил: Шампионите ќе добијат специјални прстени (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Еурофарм Пелистер против екипи од три големи ракометни земји во Европската лига

Sportska Redakcija

 Славко Винчиќ ќе го суди финалето на Светското првенство 2026

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе