Вести Најважни Свет

Во Швајцарија се одржува дводневна мировна конференција за Украина

Во Швајцарија денеска почнува дводневна мировна конференција за Украина на која ќе учествуваат високи претставници на околу сто земји и на меѓународни организации.

На конференцијата ќе се разговара за различни прашања, меѓу кои за извозот на жито од Украина, безбедноста на нуклеарната централа Запорожје, што е под руска контрола, како и хуманитарни прашања како што е размената на воени заробеници.

Конференцијата се одржува на иницијатива на Украина, а на ќе учествуваат и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Целта на конференцијата е да се мобилизира меѓународна поддршка за Украина.

Русија во моментот контролира една петтина од територијата на Украина, вклучително и полуостровот Крим, анектиран во 2014 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стојан Андов, првиот претседател на Собранието-ИН МЕМОРИАМ

Дејан Дејан

Самоодбрана а не убиство со умисла – Платформата за родова контра Обвинителството за двојното убиство во Кратово

Дејан Дејан

Префрлањето на обврските за санација на ѕидот над Клинички центар наместо да ги обедини ги раздвои институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе