Вести Македонија Топ вести

Експерти од скопски „Водовод“ ќе ја чистат гостиварската вода

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во Гостивар, каде анализите потврдија загадување на водата. Експертски тимови на скопското ЈП „Водовод и Канализација“ прават испитувања за квалитетот на водата и ќе предложат конкретни мерки. Првично предложиле хиперхлорирање на водоводниот систем, рече министерот за внатрешни работи кој најави повеќе информации за утре. Централната власт очекува соработка од локалната за време на кризната состојба.

„Факт е дека заклучно со денеска, целиот овој хаос е одговорност на Општина Гостивар и на органите во рамки на општината. Поради нивна неможност, државата денеска донесе одлука да се вклучи и да го расчисти овој хаос максимално брзо. Органите во состав на Општина Гостивар се должни максимално да се вклучат во процесот. На состанокот којшто е закажан во 17 часот во рамки на ОВР Гостивар ќе бидат повикани сите надлежни коишто можат да помогнат“, изјави Панче Тошковски, министер за внатрешни работи.

Тошковски потврди дека со градоначалникот на Гостивар полицијата извршила разговор за утврдување на фактичката состојба и рече дека соработуваат со обвинителството за овој предмет

Во владиниот тим што попладнево ја посети болницата во Гостивар беше и министерот за здравство. Тој информираше дека бројот на нови пациенти е 293 и преполовен е во споредба со саботата за кога се смета дека бил врвот на епидемијата. Првите пациенти во болницата дошле ноќта на 13 јули и од 14 започнал да расте бројот на пациенти со стомачни проблеми гои информирале епидемиолозите.

Во однос предупредувањата за посериозни зарази, Клековски рече дека ќе се следи состојбата и сите болни ќе бидат епидемиолошки следени.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ГОБ „8 Септември“ пријави голема материјална штета од невремето во Скопје

Sasko Dimovski

Трамп најави силно бомбардирање на иранскиот подземен нуклеарен објект „Копач“

Igor Trajkov

УХМР: Големо невреме од Црна Гора се движи кон Македонија

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе