Вести Економија Топ вести

Владин заклучок без ефект, институциите и натаму со милионски долгови за струја и парно

Владината наредба очигледно не беше доволна.  Една година откако се донесе заклучокот на Влада со кои се задолжија сите институции кои имаат долг кон ЕСМ да го платат и тоа во рок од три месеци, од тогаш до сега електрани од вкупно 16 милиони евра побарување, успеале во сопствената каса да вратат само 5 милиони евра.

Од компанијата за Телма велат дека со некои должници успеале да склучат и договори парите да ги враќаат на рати.  Сепак и покрај ваквите обиди да си ги приберат парите, и натаму министерства, универзитети, општини, агенции, јавни комунални претпријатија, болници му должат милиони на ЕСМ за испорачаната струја и топлинска енергија.

Меѓу најголемите должници се јавува клинички Мајка Тереза. Клинички за време на енергетската криза се соочи со опасност да остане без струја. Освен на ЕСМ должат им должат и на други снабдувачи. Вкупно треба да платат околу 5 милиони евра.

Ваквите ненаплатени побарувања го продлабочуваат минусот и на државните електрани. Компанијата се потешко ги враќа и своијте долгови. Па, така заклучно со првиот квартал оваа година ЕСМ има доспеани, а не платени обврски од над 55 милиони евра.

Со ваквите бројки најголемиот производител на струја во земјава често е во друштво на најголемите должници, но и на оние со загуби.

Во минатото ЕСМ  беше едно од омилените места за работа, но веќе подолго време се соочува со потешкотии  во работењето и се прави обид  да се подобри финансиската состојба.

Се променија повеќе раководства,  но проблемите во компанијата не се надминаа.

Ирена Чачкова 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одреден 30-дневен притвор за тројцата осомничени за загадената вода во Гостивар – мерката ќе ја издржуваат во затворот во Шутка

Sasko Dimovski

По поскапувањето на терапиите и недостигот на заменски лекови, уште една ранлива категорија пациенти стравува дека може да остане без терапија

Sonja Petrusevska

Што претходеше на епидемијата во Гостивар – насилни протести, известувања за да не се пие водата, интервенции во мрежата

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе