Шест повредени лица во невремето во Скопје со посекотини и набиеници се префрлени на Универзитетската Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски”, изјави директорот на клиниката, доктор Небојша Настов за МИА.
Тројца од повредените по амбулантскиот преглед, се пуштени дома, а тројца се во фаза на испитување.
„Сите се во стабилна состојба. Првично не оддаваат впечаток дека ќе бидат задржани на натамошно лекување. Еден пациент е повреден при пад на дрво и го закачиле гранките, еден е повреден од лим кој паднал од некој покрив, а еден е повредени од паднати керамиди, додаде д-р Настов за МИА.
