Вести Економија

Граѓаните штедат, ама и се задолжуваат

Рекордни износи на депозити и кредити во банките. Според податоците што ги објави Народната банка, вкупните депозити во јуни изнесуваат безмалку 11 милијарди евра и споредено со истиот месец лани се зголемени за скоро 10%.

Од друга страна, расте и задолжувањето. Вкупните кредити во банките и штедилниците за една година се зголемиле за 13,1% и сега нивниот вкупен износ надминува 9,6 милијарди евра. Податоците покажуваат дека граѓаните и фирмите се речиси еднакво задолжени.

Населението најмногу подигнува потрошувачки кредити, чиј износ во јуни е 2,45 милијарди евра, како и станбени кредити во вредност од 1,9 милијарди евра.

Aнализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, во јуни, кај најзастапените категории ‒ потрошувачките и станбените кредити, е забележан годишен раст од 11,8% и 16,6%, соодветно“, соопштија од  Народната банка.

Вкупното задолжување за станови не се зголемува само поради континуираниот раст на цените на квадратот, туку расте и бројот на издадени кредити за таа намена.

Останатите типови кредити се со значително помал удел во вкупното задолжување на населението. Преку кредитни картички долгот на физичките лица е скоро 135 милиони евра, негативните салда изнесуваат 109 милиони евра, а другите кредити скоро 21 милион евра.

Најмал удел според видот имаат автомобилските кредити, чиј вкупен износ е нешто над 7 милиони евра.

Мирјана Јовеска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владин заклучок без ефект, институциите и натаму со милионски долгови за струја и парно

Дејан Дејан

Петрушевски: Има ли срам Валбон Лимани, градоначалникот на Гостивар, кој вели дека не чувствува никаква морална одговорност

Sonja Petrusevska

Две недели молк кој конкурирал на милионскиот тендер за нови автобуси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе