Барал чанта на 86-годишна повредена жена врз која паднало дрво во Карпош, нашол бомба. Граѓанин го пријавил случајот во полиција, а експлозивната направата подоцна била безбедно подигната од посочената локација.
„На 20.7.2026 година во 20:25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Карпош паднало дрво и со тешка телесна повреда се здобила К.М. (86) од Скопје, по што била пренесена во Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Исто така, граѓанин пријавил дека, додека ја барал чантата на повредената, пронашол експлозивна направа, која подоцна е подигната од местото за понатамошна постапка. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот“, соопшти полицијата.
