Вести Економија Топ вести

Две недели молк кој конкурирал на милионскиот тендер за нови автобуси

И по две недели од јавното отворање на понудите од Министерството за транспорт и врски се уште не кажуваат кои се фирмите кои се јавиле на повикот за набавка на новите автобуси.

Иако, пред неколку дена министерот Николовски кажа дека овој понеделник ќе добие инофрмација кој се фирмите и од каде се, сега од таму на прашања на Телма соопштуваат дека Комисијата составена од претставници од Министерството спровела евалуација на доставените понуди и по ова доставиле покана за електронска аукција за прифатените понуди којатреба да биде во четврток, па откако ќе заврши целиот процес од министерството ќе ги објават сите информации.

За сега се знае само дека се пријавиле четири компании но кои се, од каде и дали може би има некоја кој конкурирала и на претходните повици кои пропаднаа,  информации нема. Ова е трет обид да се најде фирма која ќе ги испорача новите 150 автобуси за Скопје и зса други општини,  но и 75 станици за полнење.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Филипче од Гостивар: Со Мицкоски загрозени се основните човекови права на здравје и здрава вода

Sonja Petrusevska

Центарот за јавно здравје на 29 јуни и на 13 јули известил дека водата во Гостивар е безбедна

Kristina Kuzmanovski

Д-р Ристески предупредува за здравјето на гостиварци: Долготрајни дегистивни проблеми, намален имунитет, отпорност на антибиотици

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе