Невремето што попладнево го зафати Скопје предизвика голема материјална штета на ГОБ „8 Септември“, изјави директорот на болницата, доктор Синиша Стојаноски.
Посочи дека чекаат комплетен увид за да се утврди обемот на штетата.
„Тоа ние денеска нема да го знаеме прецизно додека не излезе проценител на терен и не се направи официјален записник за штета од надлежните институции. Засега најголема штета имаме на кровот и кровната конструкција. Тоа е она што можам да го кажам од првичниот увид“, додаде доктор Стојаноски.
