Вести Свет Фудбал

Ламин Јамал откри што му кажал Меси по финалето: Неговоте зборови вредат колку медaлот на моите гради

Шпанија на 19-годишниот Ламин Јамал ја совлада Аргентина на 39-годишниот Лео Меси со 1:0 и по вторпат стана светски првак.

Главната фудбалска ѕвезда Меси беше во солзи по натпреварот , бидејќи неговото време во аргентинската репрезентација завршува. Од друга страна, времето на Јамал допрва доаѓа, а веќе има освоено и европско и светско првенство, прв на кој му успеало тоа како тинејџер.

Тоа што ја воодушеви јавноста беше гестот на малдиот фудбалер кога по натпреварот отиде да се поздрави со како што изјави неговиот идол  Меси и откри што му порачал.

Тој е најголемиот играч во историјата и некој на кого отсекогаш сум се угледувал. По натпреварот, сакав да му покажам почит“, објасни Јамал.

Шпанецот исто така призна дека сè уште му е тешко да поверува во патувањето што го поминал.

Да ми кажеше некој пред неколку години дека ќе го кренам пехарот на Светското првенство тука откако ќе играм против Лионел Меси, ќе мислев дека е луд, рече тој.

Но, она што му го кажа Меси по финалето особено го трогна Јамал.

Ми рече да продолжам по мојот пат и дека иднината ѝ припаѓа на нашата генерација. Тие зборови се исто толку валидни како и медалот што ми виси околу вратот, откри Јамал.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мадани највува апсење на Нетањаху, Трамп со порака никој не смее да го уапси

Kristina Kuzmanovski

„Рајанер“: Не е дефект, прозорецот на авионот бил оштетен од надворешен предмет

Kristina Kuzmanovski

На грчките плажи: Ако немате спасувачки елек на SUP даска казна 250 евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе