Вести Најважни Свет

Четврти ден од потрагата по двегодишната Данка Илиќ

Четврти ден од потрагата по двегодишната Данка Илиќ. Припадници на Министерството за внатрешни работи во континуитет ги преземаат сите мерки и дејствија за пронаоѓање и утврдување на сите факти и околности за нејзиното исчезнување. Детално се проверува просторот од куќата. Во текот на вчерашниот ден со багер беше расчистено земјиштето околу куќата во Бањско Поле, од каде на девојчето му се губи секаков траг. Набргу потоа пристигнала и полицијата која го пребарува просторот околу расчистените стебла. Двете екипи кои пристигнале од Белград и Нови Сад ги сочинуваат 18 пожарникари и спасувачи со пет теренски возила и едно куче за спасување.

Вчера три лица од околината на градот Хаџиќи во кантонот Сараево беа уапсени бидејќи на социјалните мрежи тврделе дека имаат информации за исчезнувањето на двегодишното девојче и за да ги споделат барале 50 илјади конвертибилни марки што е околу 25 илјади евра. Инспекторите од Одделот за компјутерски криминал на Федералната полициска управа лицата ги лоцирале преку ИП адреси. Веднаш по аспењето, трите лица кои се членови на исто семејство, изјавиле дека „само се шегувале“.

Исчезнувањето на двегодишното девојче по првпат го активира системот „Најди ме“ во Србија, кој е наменет за итно известување на јавноста во случај на исчезнување на малолетно лице.

Данка Илиќ (2) има кафеава коса, кафеави очи и е висока околу 85 сантиметри. На денот на исчезнувањето носела виолетови панталони и јакна во маслинесто зелена боја.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Автомобилското осигурување ја разбранува јавноста – дали ќе има поскапување на полисата ќе знае во понеделник

Дејан Дејан

Сончево и потопло со мала до умерена облачност – Временска прогноза за 28.4.2024

Дејан Дејан

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе