Вести Најважни Свет

Путин: Нема да го нападнеме НАТО, но ќе ги соборуваме ловците Ф-16 во Украина

„Русија нема претензии кон ниедна земја на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји ни Чешка, но ако Западот ја снабди Украина со ловци Ф-16, руските сили ќе ги соборат“, изјави претседателот Владимир Путин. Додаде дека овие авиони можат да носат и нуклеарно оружје, а доколку се користат на аеродроми од трети земји, истите ќе станат легитимна цел.

Киев со месеци бара вакви летала, а неодамна украинското МНР соопшти дека очекува да пристигнат во наредните месеци. Белгија, Данска, Норвешка и Холандија се меѓу земјите кои ветија донација на Ф-16. Коалицијата се согласи да помогне во обуката на украинските пилоти.

Пред пилотите на руското воено-воздухопловство, шефот на Кремљ изјави дека по падот на Советскиот Сојуз во 1991 година, Алијансата предводена од САД се проширила кон истокот. Москва го обвинува Вашингтон дека се бори против Русија со тоа што му помага на Киев со пари, оружје и разузнавачки податоци.

Војната во Украина ја предизвика најголемата криза во односите меѓу Русија и Западот од Кубанската ракетна криза во 1962 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Волстрит журнал“: Американските разузнувачки агенции не веруваат дека Путин има било каква врска со смртта на Навални

Дејан Дејан

Тоа се насилници, не уставобранители – Спасовски против помилување на лицата кои упаднаа во Собранието на 27 април

Дејан Дејан

Земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтер погоди делови од Јапонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе