Вести Македонија Најважни

Македонија треба да ѝ врати на Европската комисија 2, 2 милиони евра злоупотребени преку програмата Еразмус Плус

Државата преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на Европската комисија треба да и врати 2, 2 милиони евра за кои постојат наоди дека биле злоупотребени, преку програмата Еразмус Плус, кажа директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Според Ѓоргиевски, лани добиле известување од ОЛАФ- Европската канцеларија за борба против измами, со барање парите да бидат вратени, а потребата од поврат на средствата била потврдена овој месец и од Генералниот директорат за образование на млади, спорт и култура при Европската комисија.

  • Во известувањето бевме информирани дека постојат одредени наоди за неправилности , во врска со проектни досиеја на 22 корисници на грант од програмата Еразмус Плус, финансирани од Европската комисија. Согласно ова известување се бара поврат на средства од 2, 276 илјади 212 евра, средства кои биле доделени како грантови од 2016 до 2018 година, кажа Марко Ѓоргиевски, директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Националаната агенција од Директоратот побарала дополнителни информации за случајот и за начинот како да се вратат средствата. А, дека ОЛАФ извршил проверки, на Агенцијата и потврдиле од Управата за финансиска полиција, од каде им било кажано дека извештајот од Канцеларијата за борба против измами на Европската комисија е испратен до  надлежен обвинител од ОЈО за гонење организиран криминал и корупција и дека е започната предистражна постапка, кажа Ѓоргиевски.

  • Со оглед дека е во тек предистражна постапка што ја спроведува ОЈО за гонење организиран криминал и корупција ќе ве замолам за разбирање што не можат да се споделат повеќе детални информации во однос на овој предмет, кажа директорот Ѓоргиевски.

Создадена нова база од 70 странски евалуатори на апликациите , транспарентност при автоматската распределба на проектите и објавување на оние кои добиле, биле одбиени или се на резервната листа, воспоставена процедура за работа на Комисијата за евалуација, редовно објавување на повиците за аплицирање и кампања за анонимно пријавување не непрвилности, се дел од мерките што ги наведе директорот на Агенција за европски образовни програми, со цел во иднина да се заштитат нашите национални интереси и европските фондови.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Над 10 загинати Палестинци, меѓу кои се осум се деца – биланс од ноќните израелски воздушни напади во Појасот Газа

Дејан Дејан

Извадоци од негови драми, музика на „Леб и сол“ – различни генерации на роденденот на Горан Стефановски во Дебар Маало

Дејан Дејан

Менаџментот на клиниката да го реши проблемот – ДСИ најави контрола на Токсикологија за поплавата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе