Uncategorized

Македонија одбележува четиригодишнина од зачленувањето во НАТО и 32 години од формирање на Генералштабот на АРМ

Четири години членство во НАТО и 32 години од формирањето на Генералштабот на АРМ. Високи државни претставници и првите луѓе на Генералштабот се собраа на свечена церемонија, за одбележување на двата важни датуми.

Македонија секогаш се залагала за мир, за демократија, за безбедност и стабилност.

Со членството во НАТО имаме гаранции за нашиот територијален интегритет и безбедноста на граѓаните, порача државниот врв на свеченоста во Министерството за одбрана.

„Сведоци сме на малициозните обиди на дестабилизирање на регионот, политички, а со обиди и безбедносно. Затоа, токму злонамерните актери затоа што не сакаат стабилност и развој на земјите од регионот и се обидуваат на секаков начин да ја потопат демократијата. Градењето на отпорноста на општеството е сериозен предизвик пред кој сме исправени и кој мораме да го совладаме. На денот на Генералштабот даваме ветување дека Армијата ќе продолжи да се развива и модернизира, затоа што таа е столбот на нашата државност“ вели Славјанка Петровска, министерка за одбрана.

Македонија го одбележува и Денот на Генералштабот на АРМ.

Формирањето на највисокото стручно тело за стратегиска команда е клучен датум за создавање на суверена и независна Македонија, а почетоците не беа лесни порачуваат од Генералштабот.

Највисокото стручно тело за извршување на оперативните и стручните работи поврзани со организацијата, подготовката и командувањето со Армијата ќе остане посветено кон исполнување на задачите за остварување на стратегиските определби на државата, порача директорот на ГШ на Армијата, бригадниот генерал Симеон Трајковски.

„Почетоците беа тешки. Се работеше макотрпно, со огромен ентузијазам и патриотизам, сѐ со цел да се отпочне со планска организација, раководење и командување во контекст на исполнување на уставната обврска на Армијата за обезбедување на државната граница и чување на територијалниот интегритет и суверенитетот на Република Македонија. Ве уверувам дека и во натамошниот период, Генералштабот ќе остане целосно посветен кон исполнување на задачите и обврските од своите уставни надлежности за остварување на стратегиските определби на Република Северна Македонија и Министерството за одбрана“ кажа во својот говор бригадниот генерал Симеон Трајковски, директор на Генералштабот на АРМ.

Дополнително, денес, 30 млади лица – идни офицери на Армијата дадоа свечена заклетва, а министерката за одбрана им порача – станувате дел од семејството кое се грижи за безбедноста.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сено, најлони под керамиди, дупки во подот, искршени ѕидови – гласачко место и плевна под ист покрив во село Путурус

Дејан Дејан

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд -Временска прогноза за 25.4.2024

Дејан Дејан

Телма интервју со Срѓан Драгојевиќ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе