Вести Најважни Свет

(ФОТО) Осомничените за нападот во концертната сала во Москва се изведени пред руски суд

Осомничените за нападот во концертната сала во Русија, во кој загинаа повеќе од 130 лица, пристигнаа во окружниот суд во Москва.

Околу судот имаше силно полициско присуство, кое се очекува да определи ограничувања пред судењето за мажите, кои се осомничени дека отвориле оган врз толпата посетители на концертот во салата „Крокус“ во главниот град.

Еден од осомничените, Далерџон Мирзоев, беше одведен со врзани очи во судницата. Му го извадија превезот и се гледаше дека окото му е поцрнето.

Нападот од петокот, за кој одговорноста ја презеде огранок на групата Исламска држава, е најсмртоносниот на руска територија во последните години.

Руските власти уапсија четворица осомничени напаѓачи во саботата, а уште седуммина се приведени под сомнение за вмешаност во нападот, рече рускиот претседател Владимир Путин во ноќното обраќање до нацијата во саботата.

Тој тврдеше дека тие биле заробени додека бегале во Украина, нешто што Киев категорично го негира.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

Дејан Дејан

Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе