Вести Македонија Најважни

Платата доцни, поштари нема, а шефови колку сакаш – протест во „Македонски пошти“

Изминува месецот се чекаат сметките и пратките да пристигнат на домашна адреса за да се платат или подигнат, но залудно, нема кој да ги донесе. Поштари нема па принудени сме сами да одиме до поштите за да ги подигнеме се жалат граѓаните на долгото чекање.

„Па не искрено, ми доцнат често дури и по месец два. Не се доволно организирани. Мислам дека нема доволно поштари, за нашето маало нема, па доаѓаме сами ги подигаме“, вели граѓанка.

„Еве сега одам во пошта прашувам затоа што тука плаќам и прашувам каде да платам, а ми викаат ќе ви дојде сметка. Е кога два месеци немаме сметки. Нема поштари, кај нас во Влае нема многу слабо. Дури и ако има еден“, вели граѓанка.

Нема шалтерски работници, нема поштари, а има препополни работни места во администрација и шефовски позиции алармираат и вработените во „Македонски пошти“. Проблемите се редат, а надлежните никако да ја стабилизираат ситуацијата се пожалија вработените.

„Се доведовме до ситуација да имаме еден шеф на еден работник, а да не спомнувам дека се соочуваме и со крајно лоши услови за работа, субстандардни услови и немање на доволно средства за работа. Доволен е фактот да кажеме и дека после 15 години сега добивме униформи“, вели Боро Вилигденов, претседател на синдикат на „Македонски пошти“. 

Рамо до рамо незадоволството го изразија на денешниот протест во кој побараа исполнување на нивните барања, во спротивно се заканија со штрајк.

„Долгогодишните барања на вработените и синдикатите за реформирање и опстојување на Македонска Пошта се изготвување на нова систематизација, нов колективен договор, реонизација на поштенските реони, технолошка модернизација како и измени во законот за поштенски услуги“, додава Вилигденов.

Ваквата слика на Пошта не е нова и не е од денес. Тоа е состојба која се повторува во изминатите години. Напластените долгови се само дел од проблемите со кои се соочува компанијата вели директорот Идри Истрефи.

„АД „Пошта на Северна Македонија„ не е во добра финансиска состојба, и од тие причини, ние како менаџерски тим на Пошта заедно со Владата која е   100%   акционер   мора   да   најдеме   одржливо   решение,   кое   ќе  биде   во корист на вработените, за да ги исплаќаме платите како што заслужуваат“, велат од „Македонски пошти“.

Во пошта има околу 1.800-тини вработени и 200 поштари со договор на дело кои со години работат без здравствено осигурување и со минимална плата, тврдат синдикалците.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе