Вести Македонија Најважни

Опозицијата обвинува за притисок по одлуката за Беким Незири

Беким Незири да остане без пасош и да му биде укинат куќниот притвор е притисок од ДУИ  поради неговата важна улога во изборите, а коалицијата СДСМ-ДУИ го има окупирано системот и за нив не важат законите, обвинуваат опозициските партии. Од Европскиот сојуз за промена вината ја гледаат во власта.

Сомнителен е целиот процес како што е сомнителен целиот наш правосуден систем со кои имаме големи забелешки и од ЕУ и од сите релевантни меѓународни институции. Знаете дека довербата на граѓаните во оваа институција е само 4% и тој пинг понг што го играат институциите внатре, еднаш му доделуваат куќен притвор, па потоа го пуштаат, па му ја одземаат патната исправа е една игра и веројатно е притисок од страна на ДУИ и од страна на власта за сега пред избори нивниот важен член тука во Скопје да не е таму каде што му е местото согласно закон. Упадот во М-НАВ беше многу тежок. Го осудија сите институции, има јасни докази за дејствијата на сите овие лица но овие дејствија не се јасни само за луѓето од власта кои се навикнати да вршат притисок врз правосудните институции секогаш кога нивните луѓе или нивните високи функционери кои се криминализирани во многу афери да ги заштитат, вели Фадил Зендели пратеник.

Со рекација и опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа се тие реформи коишто ги нуди европскиот фронт со тупаници упаѓаат во стратешки објекти го загрозуваат авио сообраќајот, ја загрозуваат безбедноста на македонското небо и на сојузничките летала и потоа тие истите ќе ги видите за недела две како слободно си шетаат по улиците бидејќи имаат свои обвинители, свои судии, вели Христијан Мицковски претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Кривичен совет му одреди куќен притвор, апелација синоќа го пушти на слобода, но му го задржа пасошот на ексфункциоернот на ДУИ Беким Незири кој го предводеше уапдот во контролата на летање.

Одлуката важи и за Алмир Рамдедовиќ кој нема да има потреба постојано да биде во својот дом. Тој е осомничен дека е ја крена рампата како дел од обезбедувањето на компанијата „2 -СС“, а апелација му ја враќа слободата и му го задржува пасошот.

Токму за пропустите кои ги направил овој вработен, се наведени во извештајот на агенцијата за цивилно воздухопловство.

Tаму категорично се бара кривична одговорност со оглед дека ова лице како дел од компанијата кренало две рампи, за насилниците со две коли да упаднат во контролата на летање.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кина им забранува на американските компании да продаваат оружје на Тајван

Дејан Дејан

Извештај: Британските власти го прикривале скандалот со заразена крв

Дејан Дејан

Либан прогласи тридневна жалост поради смртта на Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе