Вести Македонија Топ вести

Закажано рочиште во судот во Охрид за нападот врз Пендиков

Откако Охридското обвинителство експресно го стокми обвинението за нападот врз македонскиот  Бугарин Христијан Пендиков, Основниот суд во Охрид за 28 февруари кај судијата Бојан Мартиноски,  веќе го закажа и судењето за напаѓачот.

Нему ќе му се суди за крвично дело напад од омраза со тешки повреди. Иако обвинетиот се бранел со молчење, како што информираа од ОЈО за Телма минатата недела, тој се товари за ова  кривично дело по увид во надзорните камери и изјави на сведоци.

Но, обвинителството нема официјална потврда  дека  другиот напаѓач кој е во бегство имал бугарско државјанство, со што се отвори  прашањето дали  нападот може да се квалификува дека е од омраза поради национална или етничка припадност.

Во меѓувреме, Пендиков, кој веднаш по инцидентот што се случи на 19 јануари, со авион беше  транспортираан на лекување во Бугарија  ги собира привилегиите од бугарската држава, па покрај државјанство, стан и обезбедување, ќе добие и стипендија да студира во Софија.

Ова го соопшти потпрестедателкта на Бугарија Илијана Јотова која вчера ја посети амбасадата на Бугарија  во Скопје и се сретна со претставници на бугарските здруженија во Македонија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Малеска Сачмароска: Институции кои што ќе истражуваат и ќе изрекуваат казни мора да бидат ослободени од политичките влијанија

Дејан Дејан

Стано: ЕУ очекува Приштина без одлагање да ја формира Заедницата на српски општини

Дејан Дејан

Штајнмаер: Западен Балкан не смее да остане „сива зона за руско деструктивно влијание“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе