Вести Македонија Најважни

Бугарија одби да го регистрира македонскиот културен центар “Никола Јонков Вапцаров” во Благоевград

Од македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград,  Бугарија информираат дека им била одбиена регистрација, откако на 7-ми февруари до Агенцијата за регистрација во Благоевград ги доставиле основните документи на истоименото здружение.

На 10-ти февруари Клубот добил решение за одбивање на регистрацијата, што значи дека на здружението му е ускратена легитимноста и е забранета неговата работа.

-Сметаме дека ова одбивање е непринципиелно. Во одбивањето е цитиран единствен правен текст – од Уставот на Република Бугарија – чл. 12, ст. 2, дека здруженијата на граѓани не можат да поставуваат политички цели и да вршат политички активности, кои ние, како што може да се види од горенаведените цели, не само што сме ги запазиле, туку дополнително сме напишале експлицитно во статутите кои нашето здружение ги нема за целта на вршење политичка дејност. Сепак, имаме одбивање за регистрација, информираат од македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“

Клубот најавува дека одбивањето на регистрацијата ќе го обжалат на суд.

Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ – Благоевград“ беше отворен по приватна иницијатива на крајот на октомври годинава, а неодамна беше скршен излогот на клубот и беа приведени четири лица во врска со инцидентот.

Целите на здружението, декларирани од клубот, се: „културна комуникација меѓу народите и земјите од Балканот за мир и добрососедство, како и поддршка на универзалните човекови права, вклучително и правата на лицата кои припаѓаат на малцинствата“, се наведува во соопштението до медиумите.

За правата на Македонците, Бугарија во Стразбур повторно посочена како лош пример-Менкиноски тврди мора да се смени до мај или ќе ја исфрлат од Совет на Европа

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ИЈЗ: Препораки до населението во Гостивар

Igor Trajkov

50 илјади литри дневно питка вода за Гостиварчани

Igor Trajkov

Ново „добредојде“ на влезот на Скопје – отстранет билбордот со грешките

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе