Вести Македонија Најважни

Владеачката коалиција пред проширување со „Алијанса за Албанците“

Финишираат преговорите за проширување на владината мнозинство. Извршниот одбор и Централниот одбор на СДСМ денеска ќе одржат седници на кои се очекува претседателот на партијата и премиер Димитар Ковачевски да го презентира исходот од разговорите со „Алијанса за Албанците“ за приклучување кон владеачката коалиција, како и понудата до актуелниот коалициски партнер „Алтернатива“ со чиј лидер Африм Гаши вчера имаше средба.

Од „Алтернатива“ не откриваат детали за исходот од разговорите помеѓу Ковачевски и Гаши и најавуваат дека одлука за натамошното делување нивните партиски органи ќе носат откако, како што велат, ќе се формализира новата коалиција.

Министерот за здравство и потпретседател на „Алтернатива“, Беким Сали вчера изјави дека партијата сè уште нема добиено „конкретен предлог на маса“ за нејзините позиции во идната влада, додавајќи дека немаат информација за тоа што би добила „Алијансата за Албанците“ за приклучување кон парламентарното мнозинство, па затоа и не може да коментира кои се позициите на „Алтернатива“.

Од АА претходно за МИА информираа дека е постигнат договор за нивен влез во владината коалиција, согласно кој партијата во идната Влада ќе има три члена и тоа министри за правда и за здравство, додека за третото место во игра се позицијата вицепремиер задолжен за економски прашања или прв човек на Министерството за информатичко општество и администрација.

„Сиктер“ понуда од премиерот за „Алтернатива“

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЈО Гостивар – Одлуката за натамошниот тек на постапката ќе биде донесена по добивањето на резултатите од испитувањата на примероците од водата во гостиварскиот водовод

Дејан Дејан

Русија изврши голем балистички ракетен напад врз Киев – најмалку едно убиено лице и 14 повредени

Дејан Дејан

Шпанија ја очекува најжешката недела од летото – температурите следната недела ќе достигнат до 45°C

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе