Вести Македонија Топ вести

„Сиктер“ понуда од премиерот за „Алтернатива“

Понудата на премиерот на денешната средба со Африм Гаши од „Алтернатива“ ја доживеале како „сиктер“ понуда или „земи или остави“. На оваа партија ѝ е оставено само министерството за информатичко општество и оттаму се на чекор да излезат од владеачката коалиција. Сметаат дека целта е да се избрка „Алтернатива“ од владата, за да имаат оправдување зошто „Алијанса“ ќе добијат значителен кадровски колач. Со овој чекор, велат извори за Телма, Ковачевски ја убива европската агенда на државата.

Сепак, ќе го почекаат епилогот од преговорите со новиот коалиционен партнер.

„Подготвени сме за сите предизвици. Ова е очекувано сценарио за нас. Партиските органи ќе донесат конечен став откако ќе се официјализира новата коалиција. Нема да оставиме ниту минимум простор дека „Алтернатива“ на каков било начин придонела за процесите кои неминовно следат“, велат од оваа партија.

Доколку „Алтернатива“ излезат од владата, министертвото за информатичко општество ќе го добие „Алијанса“. Според договорот, освен министерствата за Здравство и за Правда, тие ги добиваат и заменик-министерските места во Одбрана и во Земјоделство, како и двајца државни секретари од кои едниот во Труд и социјала.

Добиваат и директорски позиции во МЕПСО, во ПИОМ, во просветниот инспекторат, во дирекцијата за управување со конфискуван имот и во тетовската болница.

Во бројни други дирекции ќе имаат заменички места. СДСМ го отстапува Правда, а го добива Животна средина и ги задржува УЈП и Царина. Коалицијата ќе биде официјализирана, откако договорот ќе биде одобрен од партиските Централни претседателства.

Опозицискиот лидер, пак, повтори дека, со приклучување на „Алијанса“ кон мнозинството, ништо нема да се промени, но и го отвори прашањето дали во Собранието ќе има мнозинство за да се изгласа новата влада.

Неговите калкулации се базираат на можноста, „Алтернатива“ да излезат од владата, но и на противењето на дел од пратениците од ДУИ, владеачкото мнозинство да се прошири со „Алијанса за Албанците“.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Британското Министерство за одбрана процени дека Русија до сега изгубила сто борбени авиони

Дејан Дејан

Турските и египетските министри за надворешни работи повикаа на деескалација на Блискиот Исток

Дејан Дејан

(ФОТО) Израелската војска објави снимки од рациите во бегалскиот камп Нур Шамс на Западниот Брег

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе