Вести Македонија

ТЕЛМА дознава: Судот и обвинителството ги одмрзнаа 12-те милиони евра со кои е купено казиното во Мериот

Според информации на Телма, на 23-ти јануари (вчера) правосилна станала одлуката за одмрзнување на парите кои австриска фирма којашто поседува казино во Гевгелија ги платила за купување на казиното во хотел Мериот.

12 милиони евра биле уплатени на фирмата Дивелоп груп која е номинален сопственик на хотелот Мериот во декември, а по отворена истрага на финансиско разузнавање и на обвинителството парите биле замрзнати. По проверката на легалноста на уплатените пари, обвинителството се откажало и дозволило одмрзнување на парите, дознава Телма.

Според централниот регистар, една третина (32,5%) од Дивелоп груп е во сопственост на фирмата Бест веј која пак е во сопственост на Јордан Мијалков, синот на Сашо Мијалков. Според соопштение на обвинителството од јули 2022-ра кога беше направена спогодбата со Мијалков за случајот Империја, семејството Мијалков има удел во Дивелоп од 46 % со проценета вредност од 3.546.778 евра.

Повеќе информации во утрешните информативни изданија.

Се продава ли дел од хотелот „Мериот“?

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Покажаа разбирање за барањето за имунитет – врховните судии наклонети кон конзервативците во случајот со Трамп

Дејан Дејан

Зголемени разлики, зачестени разговори – Блинкен на средба со Џинпинг во Кина

Дејан Дејан

Детето кое нападна ученици и наставничка да биде испишано – родители на деца од ОУ „Димо Хаџи Димов“ со петиција до МТСП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе