До сега се приведени 31-но лице за нарушување на јавниот ред и мир во Белград, пред одржувањето на прошетката за правата на ЛГБТИ заедницата, Европрајд.
Српската полиција соопшти дека ќе го спроведува законот и дека нема да дозволи на улиците на главниот град нарушување на редот и загрозување на безбедноста на граѓаните.
Европрајд доби дозвола за одржување во последен момент, по дипломатскиот пристисок врз српската премиерка Ана Брнабиќ.
Собирањето и прошетката на ЛГБТИ заедницата претходно, беше забрането со одлука на српската полиција, но по итниот состанок на Брнабиќ со европски претставници оваа прошетка е дозволена.
Организаторите на Европрајд најавија дека на активистите ќе им се придружат дипломати, претставници на европскиот парламент, и други европски и меѓународни претставници…
Во исто време, се собираат и противниците на европрајдот, кои сакаат да одржат литија во центарот на Белград.
Поради двата најавени собири, кои полицијата претходно ги забрани заради безбедносни причини, блокирани се улиците во центарот на градот.
Од утрово, противниците на Европрајд со крстови, икони и знамиња со ликот на Исус Христос се собираат во помали групи во центарот на градот.
Известувачот за Србија во европскиот парламент, Владимир Билчик, потврди дека препреките со кои се соочува Европрајд, ќе бидат дел од наредниот извештај за Србија.
Премиерката Ана Брнабиќ гарантираше безбедност на сите учесници, и рече дека е горда што се одржува парадата, иако претходно и таа, која е лезбејка, ја поддржа забраната на Европрајд.
