Вести Свет Топ вести

Зеленски: Украинската војска поврати контрола над околу 6.000 квадратни километри

За време на контраофанзивата изведена од почетокот на септември украинската армија повторно ја поврати контролата над речиси 6.000 квадратни километри територија што досега ја имаа окупирано руските сили, изјави синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски.

-Од почетокот на септември нашите војници веќе ослободија 6.000 квадратни километри украинска територија на исток и југ, а ние одиме напред, рече Зеленски во редовното ноќно видео обраќање до сонародниците, што се објавува на социјалните мрежи.

Зеленски им се заблагодари на воените единици, фалејќи ја нивната храброст во операцијата што досега доведе до враќање на најголемите делови од територијата,  од повлекувањето на руските сили од предградијата на Киев на крајот на март.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Главната цевка на водоводот во Гостивар била преместена за проектот Коридор 8 на Бехтел и Енка во мај годинава

Sonja Petrusevska

Велешанка касната од пајак „Црна Вдовица“, пренесена е на скопските клиники

Kristina Kuzmanovski

Италија повеќе не ги прифаќа македонските возачки дозволи, за иселениците ова е ризик да останат без работа

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе