Вести Свет Топ вести

Шефот на украинската безбедност Данилов му порача на Медведев да си најде бункер во кој ќе се сокрие

Секретарот на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана, Олексиј данилов, одговори на заканите на блискиот соработник на рускиот претседател Путин, Дмитриј Медведев, порачувајќи му да си најде бункер во кој ќе се сокрие.

Да потсетиме дека Медведев му се закани на Киев и порача  „дека тоа што досега се случуваше во Украина е само загревање и детска игра за ултиматумите што ќе следат“.

Претходно, украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека не е подготвен да преговара со Москва бидејќи руската страна поставува ултиматуми.

„Медведев не треба да мисли на Украина, туку на држава, како Северна Кореја, и бункерот во кој ќе се сокрие. Конечно нека престане да ја пишува „русија“ со голема буква и нека се навикне на тоа дека се уште не се повлекле“, напиша вчера Данилов на Твитер.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Главната цевка на водоводот во Гостивар била преместена за проектот Коридор 8 на Бехтел и Енка во мај годинава

Sonja Petrusevska

Велешанка касната од пајак „Црна Вдовица“, пренесена е на скопските клиники

Kristina Kuzmanovski

Италија повеќе не ги прифаќа македонските возачки дозволи, за иселениците ова е ризик да останат без работа

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе