Вести Свет

Киев бара поголема поддршка од ЕУ

Жестоките борби продолжија на истокот и југот на земјата. Киев тврди дека руските сили се протерани од уште 20 населени места. Од Кремљ велат дека „специјалната воена операција“ ќе продолжи се додека не се постигнат сите поставени цели. Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) ги повикува двете страни да го прекинат гранатирањето во Запорожје.Агенцијата соопштува дека и Русија и Украина се заинтересирани за воспоставување заштитна зона околу нуклеарната централа Запорожје и генералниот директор на агенцијата ги повика двете страни да го сопрат огнот.Mеѓутоа Москва тврди дека воената операција ќе продолжи се додека не се постигнат сите цели.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, пак, објави дека во неделата пет украински региони делумно или целосно се без електрична енергија.

Украинскиот министер за надворешни работи Кулеба побара од ЕУ да ја зголеми поддршката за Киев.Тој побарал оружје, дополнителни санкции против Русија и финансика поддршка.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе му предложи на Владимир Путин средба со Володимир Зеленски, јавуваат турските медиуми.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Заболените од западно-нилска треска се од Скопје и сите не патувале надвор од државата – регистрирани се и заразени од маларија, Денга-треска и Зика

Sonja Petrusevska

Ризикот од бран постапувања останува висок

Kristina Kuzmanovski

Главната цевка на водоводот во Гостивар била преместена за проектот Коридор 8 на Бехтел и Енка во мај годинава

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе