Вести Ковид19 Македонија Топ вести

Пановски: За сега не се потребни нови мерки

За сега не се потребни нови мерки затоа што во споредба со она што се случуваше есента намален е бројот на хоспитализации и смртни случаи. Пикот со варијантата на Омикрон БА5 се случува сега и би требало да се намали до почетокот на новата учебна година, смета професорот Пановски.

Според мои груби проценки зборувам за Македонија, 15 пати се намалени хоспитализациите и 15 пати е намалена смртноста во однос на претходното лето или есен. Тоа беше кога настапи Делта сојот. Самата варијанта на Омикрон БА5 е проценета на еден од најбрзо ширечките вируси до сега што се познати и историски, и од сегашноста гледано слично на вирусот на мали сипаници или на морбили во која контагиозноста е скоро 100%. Значи ако во една просторија еден влезе и постои подолго време, би требало сите да се заразат внатре. Тоа се случува и сега, разликата е што не оболуваат сите. Значи повеќето поминуваат асимптоматски, поголемиот број не го примаат вирусот бидејќи или го прележале, или се вакцинирале, еден помал дел имаат лесни симптоми, тоа се помладите кои воопшто не се тестираат, ни рече д-р Пановски.

Најголемото ширење на вирусот сега е поради топлиот период кога луѓето, за да ги избегнат горештините, се во затворени и климатизирани простории и токму затоа вентилација на воздухот со филтри за прочистување во затворено е многу важна.

Климите кои ние ги користиме го вртат истиот воздух внатре значи не го прочистуваат. Меѓутоа во некои автобуси, особено во авионите за 12 часа 12 пати се прочистува воздухот. Инаку би имало експлозија на вирусот во аеродромите без разлика дали носат маски или не. Значи таков тип на филтри кои ќе го вадат воздухот и ќе внесуваат свеж од надвор навистина би биле многу ефикасни во спречување на ширење не само на овој вирус туку воопшто, со тоа би се намалил бројот на заразени во училиштата и градинките, вели д-р пановски.

За сега е сосема доволно да се почитуваат и актуелнните заштитни мерки. Важно е тие граѓани што се во ризичните групи да се заштитат со бустер доза, вели професор Пановски.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Москва тврди дека уништила над 50 украински дронови, нападите предизвикаа пожари во руските електрани

Дејан Дејан

Претставничкиот дом на САД треба да гласа за големиот пакет помош за Украина, Израел и Тајван

Дејан Дејан

Почина човекот што се самозапали пред судот во Њујорк каде што се води процесот против Трамп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе