Има или нема документ за кој се преговара за затворање на политичките прашања меѓу Македонија и Бугарија внесе раздор меѓу шефицата на бугарската дипломатија, Теодора Генчовска и бугарскиот премиер, Кирил Петков.
Откако шефот на македонската дипломатија Бујар Османи вчера изјави дека постои документ за затворање на прашањата со Бугарија кој е прифатлив за Скопје, а на кој се чека одговор од Софија, Генчовска денеска со тврдење дека таков документ не постои.
Притоа таа соопшти дека од политичарите во Македонија и од меѓународните партнери разбира дека бугарската Владата има обид за промена на националната политика на Бугарија кон Македонија.
Притоа го обвини надворешнополитичкиот тим на Петков за водење на паралелна надворешна политика на Бугарија по прашањето на Македонија.
„Работиме многу активно на тоа, но имаме, зборувам за надворшенополитичкиот тим на премиерот, сериозни разлики, кои се разликуваат по основ на националната позиција која Министерството за надворшени работи стриктно ја следи“, рече Генчовска.
Иако нема документ, како што тврди Генчовска, таа пред бугарските пратеници денеска изјавила дека, според неа, постои тенденција тоа да се случи.
„Очигледно има амбиции до крајот на француското претседателство“, изјави Генчовска.
Освен што не постои документ меѓу Македонија и Бугарија како основа за преговори, Генчовска денеска и со критика до Македонија и дека не ги исполнила дури ни четирите точки од Протоколот 4 + 1.
На адреса на Генчовска, која е од редовите на помалиот коалициски партнер во владата, партијата „Има таков народ“, брзо по нејзината изјава стигна укажување од партијата на премиерот Петков, дека таа како министер мора да ја следи политиката на Владата, а не да води своја политика.
„Уставот јасно кажува дека внатрешната и надворшената политика на државата се определуваат од Владата, а не од даден министер. Така што конкретниот министер треба да ги исполнува политиките кои и се зададени од Владата“, изјави Иванов.
Реакцијата на македонското МНР на денешната изјава на бугарската дипломатија која го демантира шефот на македонската дипломатија дека постои каков и да е документ на кој се чека одговор од Софија, е дека Османи и бугарското МНР всушност реферираат на различни документи.
Од МНР за Телма појаснуваат дека Османи во вчерашнатата изјава зборувал за португалскиот предлог за надминување спорот, а оти бугарското МНР зборува за документот кој Македонија и го достави на Бугарија на самитот на НАТО во Рига во декември, како контрапредлог на нејзиниот документ со 5+1 барање од септември.
Ваквите позиции на двете министерства, објаснувања, но и спротивставените ставови и меѓусебни обвинувања на бугарските официјални лица за позициите по прашањето на Македонија ги прават уште понејасни работите околу преговорите меѓу двете земји за за надминување на политичките прашања во во контекст дали има или нема докуметн и придвижување кон решение.
Тамара Грнчароска
