Вести Свет Топ вести

Светската јавност ужасната од снимките од Буча, Западот најавува нови санкции

Светските лидери побараа нови, поостри санкции против Русија, по објавувањето на шокантните видео снимки од масакрот во Буџа. Украинските власти тврдат дека по повлекувањето на руските сили од градовите околу престолнината Киев, биле откриени 410 тела на цивили. Претседателот Зеленски ја обвини Русија за геноцид врз украинскиот народ, додека Москва негира.

„Светот до сега видел многу воени злосторства. Во различно време, на разлилни континенти. Но, време е да направиме сѐ што можеме, за воените злосторства на руската армија, станат последната манифестација на такво зло на Земјата“, изјави украинскиот претседател Зеленски.

Безбедносните аналитичари велат дека убивањето цивили во војна е воено злосторство, иако Русите ќе направат обид тоа да го прикријат со некаква воена логика.

„Тие секогаш негираат, Русите постојано негираат вакви работи. Поминуваат низ три фази. Како прво, негираат се. Потоа се обидуваат да заташкаат. Измислуваат работи на социјалните медиуми, кои посочуваат дека ситуацијата е комплицирана, дека тогаш се случувала една работа, дека се случувала и друга работа, и дека не постојат едноставни одговори. И потоа, неколку години подоцна, често пати ќе признаат и ќе речат „Да, го направивме тоа“ или „Ние го направивме тоа, но и вие го правите истото“, рече Мајкл Кларк, Специјален советник во британскиот национален комитет за стратешка безбедност.

За францускиот претседател Емануел Макрон постојат јасни докази за воени злосторства и треба да ѝ се испрати порака на Русија дека светот има колективна обврска да ги заштитува човечките вредности.

„Тоа што се случи во Буча, бара нов сет санкции и многу јасни мерки. Ќе се координираме со нашите европски партнери, особено со Германија, и ќе презмеме дополнителни индивидуални мерки. Јас поддржувам нов сет санкции, особено врз јагленот и бензинот. Мораме да дејствуваме“, рече францускиот претседател Макрон.

Германската министерка за одбрана, Кристин Ламбрехт, пак порача дека европските лидери мораат да размислат за воведување забрана за увозот на руски гас, нешто за кое до сега немаше подготвеност во Европа, стравувајќи од ефектот кој таквата одлука би го имала врз европската економија.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ИЈЗ: Препораки до населението во Гостивар

Igor Trajkov

50 илјади литри дневно питка вода за Гостиварчани

Igor Trajkov

Ново „добредојде“ на влезот на Скопје – отстранет билбордот со грешките

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе