Украинскиот претседател Володимир Зеленски го посетил градот Буча, местото на последните воени злосторства во Украина. Зеленски го посетил и патот на кој била направена заседата на рускиот конвој, и разговарал со жителите на Буча.
Зеленски повтори дека Русија извршува воени злосторства и геноцид во Украина.
Запрашан дали после ова е можно постигнување мир со Русија преку мировните преговори, Зеленски одговори дека на Украина ѝ е потребен мир.
„Се наоѓаме во Европа, во 21 век. Ќе ги продолжиме нашите дипломатски и воени напори.“
Светската јавност ужасната од снимките од Буча, Западот најавува нови санкции
