Uncategorized

39-годишна пациентка ја загуби борбата со коронавирусот во тетовската болница

Пет починати пациенти по компликации на Ковид-19 во Клиничката болницата во Тетово во текот на изминатото деноноќие. Најмладата е 39-годишна жена која имала предходно хронично заболување. На болничко лекување се 123 пациенти. Иако со мала најанса на подобрување, состојбата со пандемијата во тетовскиот регион сè уште е критична, оценува доктор Гзим Нуредини, координатор на Ковид центарот.

Доктор Нуредини вели дека граѓаните треба да се вакцинираат за да не го продолжат ланецот на ширење на заразат, особено поради фактот дека најголем број од хоспитализираните, но и починати не се вакцинирани.

Инаку бројките на новодијагностицирани во тетовскиот регион секојдневно растат. Во ковид статистиката вчера беа регистрирани 110 нови случаи со што активно болни се 2038 лица.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сено, најлони под керамиди, дупки во подот, искршени ѕидови – гласачко место и плевна под ист покрив во село Путурус

Дејан Дејан

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд -Временска прогноза за 25.4.2024

Дејан Дејан

Телма интервју со Срѓан Драгојевиќ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе