Вести Македонија

Д-р Ристески предупредува за здравјето на гостиварци: Долготрајни дегистивни проблеми, намален имунитет, отпорност на антибиотици

Пиењето вода загадена со фекалии освен акутните симптоми, остава сериозни долгорочни последици врз цревниот микробиом, предизвикувајќи трајна дисбиоза (нарушување на рамнотежата на бактериите), ова на својот фејсбук профил го пишува доктор Милан Ристески.
Според него Патогените бактерии како E. coli, Salmonella и Giardia ја уништуваат корисната микрофлора, што може целосно да го смени нејзиниот состав.
Доктор објаснува дека штетните долгорочни последици вклучуваат:
– Хронично воспаление и синдром на пропустливи црева
– Долготрајни дигестивни проблеми како синдром на иритабилно дебело црево (IBS) и хронична дијареа
– Колонизација со супербактерии отпорни на антибиотици преку внесување на резистентни гени од отпадните води
– Нарушен имунитет и зголемен ризик од автоимуни и метаболички заболувања
– Влијание врз менталното здравје преку оската црева-мозок поради намалено производство на невротрансмитери.
Докторот прашува дали  некој е свесен за овие потенцијални долгорочни здравствени проблеми на Гостиварцани? и колкав е финансискиот импакт?

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Азески во Брунен, Швајцарија, во врска со организацијата на конференцијата за трговските марки и нетарифните бариери

Sonja Petrusevska

Полициски дронови ќе регистрираат сообраќајни прекршоци

Kristina Kuzmanovski

Уапсената директорка на гостиварски Комуналец и двајца други раководители за загадување на водата, спроведени во Судот

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе