Вести Македонија

Петрушевски: Има ли срам Валбон Лимани, градоначалникот на Гостивар, кој вели дека не чувствува никаква морална одговорност

Има ли срам Валбон Лимани, градоначалникот на Гостивар кој вели дека не чувствува никаква морална одговорност за скандалот со водата, праша Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Кандидатот на Филипче, Ахмети и Таравари, Валбон Лимани, вчера вели дека за скандалот со водата во кои директно беше погоден целиот град Гостивар, не чувствува никаква морална одговорност. Па со кое лице излегува пред неговите сограѓани и без срам и образ, вели дека тој не е одговорен за грешките на луѓето кои тој ги има назначено да ги водат општинските претпријатија? За разлика од Валбон Лимани, Љупчо Папазов од Кочани по пожарот во Пулс веднаш поднесе оставка од функцијата градоначалник, и заедно со двајца негови претходници беше во притвор за приватен објект“, рече Петрушевски.

Тој постави и прашање зошто сега нема осуда и барање на одговорност од страна на СДС, ДУИ и Таравари?

„Дали мислат дека затоа што е нивен кандидат треба да го штитат? Или пак сметаат дека како во времето на Филипче кога за модуларната виновен беше кабелот, сега треба да биде виновна пумпата? Ги охрабруваме надлежните институции и обвинителството да не ги штитат блиските на Филипче, Ахмети и Таравари. Одговорност треба да има што поскоро, а морална одговорност и оставка на Валбон Лимани беше најмалку што требаше да се случи“, вели Петрушевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Две недели молк кој конкурирал на милионскиот тендер за нови автобуси

Дејан Дејан

Филипче од Гостивар: Со Мицкоски загрозени се основните човекови права на здравје и здрава вода

Sonja Petrusevska

Центарот за јавно здравје на 29 јуни и на 13 јули известил дека водата во Гостивар е безбедна

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе