Вести Свет

Украина нападна цели со дронови во Москва

Украински беспилотни летала извршиле напад врз Москва и нејзината околина, при што биле лансирани околу 400 дронови, соопштија руските власти.

Во нападите биле повредени две лица, а пријавени се и пожари и материјална штета на неколку објекти… Гувернерот на Московската област Андреј Воробјов изјави дека најголемите последици се регистрирани во областите Подолск, Домодедово и Одинцово.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, соопшти дека најголем дел од дроновите биле соборени од системите за воздушна одбрана.

Руското Министерство за одбрана информираше дека биле неутрализирани 381 украински дрон над повеќе руски региони, како и над Црното и Азовското Море.

Нападите доаѓаат во период на засилени воздушни операции меѓу Русија и Украина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Левица: Додека од чешмите во Гостивар течел отров, институциите спиеле

Kristina Kuzmanovski

Возел со 4,35 промили алкохол во крвта, полицијата го фати во Кочани

Kristina Kuzmanovski

Нови 50 проценти царини воведе САД за канадските производи

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе