Вести Македонија Најважни

Центарот за јавно здравје на 29 јуни и на 13 јули известил дека водата во Гостивар е безбедна

Дали контролните механизми на централната власт затаиле во скандалот со водата за пиење во Гостивар, колку време нема да смее да се користи водата од градскиот водовод, кој ќе им обезбеди техничка вода на граѓаните, институциите и угостителите и дали ќе се одземат надлежностите на локалната власт во поглед на водоснабдувањето на градот.

Ова се прашањата кои остануваат отворени откако обвинителството соопшти дека по налог на раководството на гостиварскиот водовод биле поставени пумпи за зголемување на притисокот со кои се вбризгувале вода со бактерии во каптажата на градскиот водовод и се ставале енормни количини на хлор опасни по здравјето на граѓаните за да се елиминираат бактериите.

Од АХВ соопштија дека извештаите кои се доставени до нив е дека водата за пиење во Гостивар е безбедна. За контрола на водата е задолжен ЦЈЗ во Тетово кој има дадено тако документ на 29 јуни и на 13 јули, еден ден пред да почне напливот на пациенти со стомачни тегоби во гостиварската болница „Ферид Мурад“.

Директорката на гостиварскиот водовод Асани по закон била должна да го извести министерството за екологија дека планира да постави пумпи и да чека одобрение.

Вчера се земени нови мостри од градскиот водовод кои се доставени до ИЈЗ на микробиолошка и физичко хемиска анализа а забраната за користење на градскиот водовод и за технички потреби останува на сила.

Од АХВ се децидни дека водата од чешма не смее да се користи ниту за миење на садови и дека угостителите, производителите на храна и институциите мора да се снабдат со техничка вода, која Гостивар ја нема. Но без насоки како и од каде.

Според протоколот за постапување при контаминација на градскиот водовод, централната власт доставува мерки до гостиварскиот водовод кој е должен да го испразни системот, да го исчисти.

Огнен Чанчаревиќ

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Две недели молк кој конкурирал на милионскиот тендер за нови автобуси

Дејан Дејан

Филипче од Гостивар: Со Мицкоски загрозени се основните човекови права на здравје и здрава вода

Sonja Petrusevska

Д-р Ристески предупредува за здравјето на гостиварци: Долготрајни дегистивни проблеми, намален имунитет, отпорност на антибиотици

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе