Вести Свет

Нови 50 проценти царини воведе САД за канадските производи

Нови царини од 50 проценти за голем број производи од Канада воведе САД со што дополнително се заострува трговскиот спор.

Според американскиот трговски претставник, Џејмисон Грир, новите царини ќе опфатат канадски увоз во вредност од околу 20 милијарди американски долари.

Мерката треба да стапи во сила на 19 август, односно 30 дена по потпишувањето на указот од страна на претседателот Доналд Трамп.

Од Белата куќа соопштија дека одлуката е одговор на, како што наведуваат, „дискриминаторската, нерамноправна и неоправдана царинска политика“ на Канада и има за цел да ги подобри условите за извоз на автомобили произведени во САД.

Новите царини претставуваат најнова ескалација во трговскиот спор меѓу двете соседни земји.
Трамп и претходно повеќепати ја обвини Канада, како и други трговски партнери на САД, дека одржуваат нетранспарентни трговски односи со Вашингтон, при што царините станаа еден од главните инструменти на неговата трговска политика во текот на вториот претседателски мандат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Левица: Додека од чешмите во Гостивар течел отров, институциите спиеле

Kristina Kuzmanovski

Возел со 4,35 промили алкохол во крвта, полицијата го фати во Кочани

Kristina Kuzmanovski

Хоџа за случајот во Гостивар: Очекувам кривична и морална одговорност

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе