Ковид19 Македонија

ЕУ ја испорача последната серија медицински материјали во земјата за поддршка на борбата против СОВИД-19

Со испорака на 20 монитори за пациентите на интензивна нега, 20 сензорни пулсни оксиметри и 25.000 тестови за КОВИД-19 до Министерството за здравство, Европската Унија ја заокружи испораката на поддршка во вредност од 4 милиони евра за набавка на итна медицинска опрема и залихи.

Во последните два месеци и откако беше направена првата испорака на крајот на април, ЕУ покажа солидарност со Северна Македонија и нејзините граѓани со доставување на повеќе од 1 милион единици витална медицинска опрема и производи  за лична заштита за зајакнување на капацитетот на здравствениот систем за борба против КОВИД-19.

Оваа поддршка на ЕУ беше спроведена во соработка со Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (UNOPS) и беше координирана со Секретаријатот за европски прашања како главен координатор на земјата за меѓународна помош.

Приоретизацијата на медицинските материјали се спроведуваше во согласност со потребите на здравствениот систем и беше координирана со Владата на Северна Македонија и Министерството за здравство. Во овие два месеци, ЕУ испорача 25 уреди за механичка вентилација (респиратори), 20 монитори за интензивна нега, 40.000 единици различна медицинска опрема како што се маски за кислород, филтри, катетери и други материјали за здравствениот систем. Лична заштитна опрема како што се 30.000 маски за лице, 100.000 хируршки маски, 750.000 ракавици, 20.000 заштитни очила, 100,000 заштитни капи, 50,000 наметки, 16,000 скафандери, реагенси и сонди доволни за 25,000 тестови на KOVID-19 и големи количини на средства за дезинфекција и други основни материјали за лична заштита беа набавени и доставени до медицинските работници низ целата земја

Оваа помош, заедно со иницијативите за индивидуална помош од земјите-членки на ЕУ, ја сочинува најзначајната меѓународна поддршка што земјата ја доби во борбата против ефектите предизвикани од пандемијата. Понатаму, Европската Унија исто така стави на располагање над 220 милиони евра како директна поддршка и заеми за да го ублажи влијанието и за справување со економските предизвици предизвикани од пандемијата КOVID-19. ЕУ ќе продолжи да се залага за Северна Македонија и нејзините граѓани. Заедно ќе ја надминеме оваа криза и ќе се опоравиме.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одбележување на 75 години од постоењето на најстариот Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј” во Македонија

Дејан Дејан

Прво обвинение за осомничените соучесници, а подоцна и за Палчо

Палевски бара адвокати, Телма ги открива нивните имиња

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе