Вести Свет

Значењето на венецот кој лежи на ковчегот на кралицата

Не е случаен ниту изборот на цвеќиња во погребниот венец кој лежи врз ковчегот на кралицата Елизабета Втора. Нарачан е од нејзиниот син, Кралот Чарлс Трети, чија порака напишана на белата хартија е сведок за нераскинливата врска меѓу неговата покојна мајка и татко.

Венецот содржи цвеќиња и зеленило исечени од градините на Бакингемската палата, вилите Кларенс и Хајгров – и секој дел од венецот има скриено значење.

  • Рузмарин за сеќавање
  • Мирта, древен симбол на среќен брак, исечен од истото дрво како и растението што беше дел од свадбениот букет на Кралицата и Војводата во 1947-мата година
  • Англиски даб, кој ја симболизира силата, во чест на постојаноста на Кралицата и непоколебливата должност на кралицата, а ја симболизира и моќта на љубовта.

Дури и боите кои доминираат на венецот се внимателно избрани за да одговараат на кралскиот грб на кој се поставени.

Цветниот аранжамн лежи врз англиски мов и дабови гранки, а во нив лежи рачно напишаната порака од Кралот Чарлс Трети „За љубов и вечно сеќавање, Чарлс“

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Пожарот кај Велес се прошири кон патот за Штип, чадот стигна до автопатот – интервенираат „ер трактори“

Kristina Kuzmanovski

Не споделувајте лични податоци и броеви на банкарски картички – МВР со предупредување до граѓаните за нов бран на лажни пораки за „Безбеден град“

Sasko Dimovski

Десет повредени во судир на три возила на патот Кичево – Охрид

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе