Не е случаен ниту изборот на цвеќиња во погребниот венец кој лежи врз ковчегот на кралицата Елизабета Втора. Нарачан е од нејзиниот син, Кралот Чарлс Трети, чија порака напишана на белата хартија е сведок за нераскинливата врска меѓу неговата покојна мајка и татко.
Венецот содржи цвеќиња и зеленило исечени од градините на Бакингемската палата, вилите Кларенс и Хајгров – и секој дел од венецот има скриено значење.
- Рузмарин за сеќавање
- Мирта, древен симбол на среќен брак, исечен од истото дрво како и растението што беше дел од свадбениот букет на Кралицата и Војводата во 1947-мата година
- Англиски даб, кој ја симболизира силата, во чест на постојаноста на Кралицата и непоколебливата должност на кралицата, а ја симболизира и моќта на љубовта.
Дури и боите кои доминираат на венецот се внимателно избрани за да одговараат на кралскиот грб на кој се поставени.
Цветниот аранжамн лежи врз англиски мов и дабови гранки, а во нив лежи рачно напишаната порака од Кралот Чарлс Трети „За љубов и вечно сеќавање, Чарлс“
