Вести Свет

Објаснувачкиот скрининг за првиот кластер во Брисел продолжува денеска

Експертските тимови од Северна Македонија и Албанија и оваа недела се во Брисел каде што продолжуваат да слушаат за ЕУ законодавството во областите содржани во првиот кластер за преговорите со ЕУ.

Објаснувачкиот скрининг започна на крајот на минатата недела со поглавјата „Јавни набавки“ и „Статистика“, кои се дел од првиот кластер познат како „Темели“. Ова е кластерот кој ги содржи и клучните поглавја за правда, судство и темелни права.

Експертските тимови и оваа недела се во Брисел каде продолжуваат да слушаат за ажурираното законодавство на ЕУ во останатите поглавја од првиот кластер. Денеска денот е посветен на реформата на јавната администрација. До крајот на неделата на дневен ред ќе бидат и економските критериуми, финансиската контрола,  и правосудството и темелните права, како и поглавјето „Правда, слобода и безбедност“.

Овој процес на објаснувачки скрининг треба да трае до ноември. Во овој дел од процесот тимовите се запознаваат со новитетите во законодавството на ЕУ во сите поглавја од преговарачкиот процес, и имаат прилика да поставуваат прашања до нивните колеги од Европската Комисија кои го водат скринингот.

Откако ќе заврши објаснувачкиот скрининг, македонските и албанските тимови ќе бидат издвоени и секој ќе го почне билатералниот скрининг. Билатералниот скрининг е процес во кој земјата преговарач треба да покаже и докаже до каде е во процесот на транспозиција на законодавството на ЕУ во домашното. Овој процес треба да трае најмалку до втората половина на идната година, со тесен надзор од Европската Комисија и земјите членки на ЕУ.

Само по завршувањето на билатералниот скрининг и по уставните измени за внесување на Бугарите, Северна Македонија ќе може и формално да почне да преговара кластер по кластер за членство во ЕУ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Не споделувајте лични податоци и броеви на банкарски картички – МВР со предупредување до граѓаните за нов бран на лажни пораки за „Безбеден град“

Sasko Dimovski

Десет повредени во судир на три возила на патот Кичево – Охрид

Sasko Dimovski

Повеќе загинати во урнат трговски центар, 40.000 домаќинства без струја – првичен биланс по силниот земјотрес во Јапонија

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе